(ВИДЕО) 360˚ Што донесе за Македонија самитот во Трст? Што е разликата меѓу Груевски во 2006 и Заев во 2017?

од Vladimir Zorba

Самитот за Западен Балкан кој се одржа во средата во Трст донесе едно интересно совпаѓање.

Во рамките на собирот се случи првата средба на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел, само четириесетина дена по изборот на новата влада во Македонија.

Состанокот донесе позитивни пораки и надежи за европската иднина на Македонија, слично како што во 2006 година, исто така, четириесетина дена по изборот на тогашната новата влада, донесе средбата на тогашниот преимер Никола Груевски со Ангела Меркел во Берлин. Груевски тогаш се надеваше на брз почеток на пристапните преговори со ЕУ, како што сега се надева и Зоран Заев.

Што е исто а што различно за Македонија и регионот, и што друго донесе собирот во приморскиот италијански град Трст?

Извор: 360 степени

Слични содржини