Владата ќе го разгледа и ќе го декласифицира договорот со Грција

од desk4

   Договорот за решевање на долгогодишниот спор за името што го постигнаат премиерите Зопран Заев и Алексис Ципрас денеска треба да се најде на седница на македонската Влада и да биде декласифициран.

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска синоќа во ТВ интервју изјави дека планот е Владата денеска да го дискутира и одобри договорот и веднаш потоа со грчката страна да се договори потпишување во текот на следните четири-пет дена за може да почне и постапката за ратификација во Собранието на Република Македонија.

Појасни дека се работи за период од десетина дена во кој ќе се договорат сите овие чекори.

– Се уште и со грчката Влада разговараме околу датумот за потпишување бидејќи и кај нив има случувања. Од наша страна е коментарот на опозицијата и на Мицкоски, од нивна страна е нивната опозиција и коментарите на Мицотакис. Ако постојат најави дека ќе се гласа и во грчкото Собрание доверба или недоверба за грчката Влада, тоа може да влијае на датумот за потпишување, рече Шекеринска, додавајќи дека сакаат во следните четири-пет дена тоа да се заврши.

Неофицијално како датум во грчките медиуми се споменува 16 јуни. Заев и Ципрас би се сретнале в сабота во Преспа (на грчка територија), а договорот ќе го потпишат шефовите на двете дипломатии Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Слични содржини