Врнежливо и топло, до 14 степени

од Vladimir Zorba

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне во западните, а во текот на ноќта и во крајните југоисточни подрачја. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде од нула до осум степени, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната до 11 степени.

Според УХМР, следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови и во крајните југоисточни подрачја ќе бидат пообилни. Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе бидат од снег. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури.

Слични содржини