Американските војници пристигнаа во Полска од Германија во рамките на операцијата “Атлантска решеност”. Во бригадата влегуваат 3 500 војници и офицери, околу 90 тенкови, 400 возилото и околу 150 БМП.

“Нашите тенкови БМП Bradley и друга опрема поминале над 8.000 километри од нашата база во Форт Карсон во Колорадо, во текот на неколку дена нашите војници ќе ја  покажат својата способност , кога ќе почнат вежбите на соодветните полигони”, рече командантот групата полковник Кристофер Јадев.

Бригадата ќе помине во Полска 9 месеци.