„Бритиш ервејс“ со посебен екипаж за свадбата на принцот Хари и Меган Маркл

од Vladimir Zorba

Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ соопшти дека на 19 мај ќе ја одбежи венчавката на принцот Хари и актерката Меган Маркл на тој начин што на летот од Лондон до Торонто сите членови на екипажот ќе се викаат Хари или Меган.

На патниците во сабота на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ до Торонто, град во кој Меган Маркл живеела и каде за првпат заедно беа видени во јавност, на услуга ќе им бидат двајца Хариевци и осум Мегани, а со авионот ќе управува пилотот Хари Блејк.

– Досега сум летала со уште една Меган, но никогаш со седум имењачки, така што можеби на овој посебен лет ќе треба меѓу себе да комуницираме со прекари, истакна директорката на службата за потрошувачи во авиокомпанијата, која ќе го предводи екипажот.

Во соопштението „Бритиш ервејс“ наведува дека патниците, со имиња Хари и Меган кои ќе патуваат со овој посебен лет на денот на свадбата, ќе бидат сместени во прва класа.

За време на летот ќе бидат прикажани епизоди од серијалот Suits со кој Меган Маркл стана светски популарна, но и документарни филмови за дворецот Виндзор./МИА

Слични содржини