Филипче: Очекувано е да се зголеми бројот на заболени, затоа останете дома

од Aleksandar Todeski

Сакам да испратаме една силна порака до сите граѓани. Епидемијата е во сиелн ек. секоја епидемија има свој тек, почеток, акселерација, пик, и намалување на случаите, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

„Очекувано е согласно сите овие податоци, бројот на заболени да се зголемува, затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија. Преземавме мерки, ќе ги преземеме и натаму. Затоа, останете дома, не се собирајте, не се групирајте, органичете го движењето, држете дистанца каде што има повеќе луѓе, задолжително одржувајте хигиена. Од сите нас зависи, максимално сериозно мора да пристапиме, повеќе пати кажав, ова не е шега“, истакна Филипче.

Министерот посочи дека државата е подготвена и со капацитети и со кадар и со опрема, но и дека граѓаните мораат да бидат внимателни.

„Спремни сме со опрема, со кадар, со капаитети.  Кадарот е спремен да ротира, но клучно е тие да се здрави, тие се главните даватели на здравствените услуги“, нагласи Филипче.

Слични содржини