Изненадувачки работи кои ги привлекуваат мажите

од desk2

Обично мислиме дека мажите ги интересира само добриот изглед кај жената, но тоа не е точно. Она што ги привлекува мажите често пати нема никаква врска со совршено тело или секси долна облека. 

Утринско протегнување
Секако дека мажите сакаат кратки здолништа и високи потпетици, но кога ја гледаат жената во домашна атмосфера, тоа знае да им биде многу привлечно. Ги превлекува кога жената се буди и протегнува во пижами. Тоа им изгледа нежно и ранливо.

Неуредна коса
Можете да вложите многу време и пари за да ја средите косата, но на мажите ништо не им е толку привлечно како разбушавена коса со природен изглед. Повеќе ги привлекува несредена, чиста коса, отколку совршено направена фризура.

Без шминка
Мажите повеќе сакаат природни, отколку нашминкани жени. Повеќето од нив, во некои моменти, шминката ги спречува да ја бакнат жената. Повеќе ја доживуваат како бариера, отколку како нешто привлечно. 

Заоблен стомак
Постои верување дека тенок струк и сосема рамен стомак најмногу ги привлекува мажите, но сепак тоа не е така. Мажите велат дека нема ништо поубаво од малку мек и заоблен стомак. Една од најпривлечните жени на сите времиња Мерилин Монро во една прилика изјавила: „Жена без стомак е како куќа без тераса“.

Брчки
Брчките повеќе им пречат на жените отколку на мажите. Повеќето мажи сметаат дека понекоја брчка на женското лице знае да биде многу предизвикувачка. Брчките сепак се сведок на нашето искуство и зрелост.

Добар апетит
Жените кои се оптоварени и загрижени за својата исхрана, не го привлекуваат посилниот пол. Да се има здрав апетит и да не постои страв да јадете што посакате, тоа значи дека сте сигурни во себе и не ве интересира мислењето на другите. Таква жена брзо ја добива довербата и симпатиите на мажот. Но крајностите се опасни, па и во храната треба да се биде умерен. Не се прејадувајте на првата средба. 

Очила
Да се носат очила во раните, тинејџерски денови, може да биде вистинско мачење, додека како повозрасни тоа дава сосема спротивен ефект. Тогаш жените со очила изгледаат многу привлечно. Всушност жените кои носат очила мажите побрзо ги забележуваат од оние кои не носат. Жена со очила може истовремено да изгледа ранливо и нежно, но и самоуверено и независно.

Разлика на кожата од сончање
Жените често пати се вознемирени кога ќе забележат неисончан, бел дел од кожата на своето тело. Меѓутоа, овој проблем на мажите воопшто не им пречи. Повеќето момчиња сметаат дека остриот контраст на женско тело, меѓу природната и исончаната област може да биде многу секси. 

Долги здолништа
Долго летно здолниште не изгледа ништо помалку предизвикувачко од краткото. Макси здолништата се како тајна која чека да биде откриена. Дури и ако вашето момче ги видел тие убави нозе илјада пати, долгото здолниште секогаш ќе ја заголица неговата фантазија.

Босонога
Повеќето мажи сметаат дека босоногите девојки се неверојатно секси. Овој дел од женското тело неверојатно ги привлекува мажите.

Слични содржини