Мистерија: Каде е спогодбата за Пуч на Костовски, СЈО ја бара, Судот вели дека е во државното обвинителство?!

од desk2

Спогодбата на Ѕвонко Костовски, која тој ја прифати пред две години, а се однесува на случајот Пуч не е во СЈО, туку во обвинителството за организиран криминал и корупција.

СЈО поднесе барање за заштита на законитоста (БЗЗ) до Врховниот суд, по барање на новиот адвокат на Ѕвонко Костовски, кој со спогодбата договори казна од три години затвор за Пуч. Но Врховниот суд кој треба да одлучи ја барал спогодбата од СЈО, информира Телма.

Специјалното обвинителство веќе неколку пати ја барало спогодбата од Кривичниот суд, но на крај пред две недели добиле одговор дека спогодбата ја доставиле до странките кои ја договориле спогодбата уште во 2015-та. Пуч како случај на Обвинителството за организиран криминал и корупција го предаде на СЈО пред повеќе од една година, но без спогодбата на Ѕвонко Костовски.

Кога кривичниот суд го прашавме дали до нив имало барање од некоја институција (Врховен суд, СЈО, Јавно обвинителство на РМ или МВР) да им биде доставена пресудата-спогодба за Костовски и во кој рок била доставена спогодбата на евентуалните баратели ни одговорија дека прашањата не се прецизно поставени и ни побараа информации од спомнатите институции.

-Во однос на вашите прашања, нејасно е за какво барање прашувате за да може да ви дадеме прецизен одговор. Таков одговор може да добиете од институциите кои евентуално поднеле такво барање до судот и да ни ги доставите барањето по број и дата на поднесување до судот како би се произнеле. Судот, согласно Законот, доставува пресуди единствено до странките во постапката, а од вашите прашања нејасно е за која постапка и од која инсититуција е поднесено некакво барање., беше одговорот од Кривичниот суд Основен суд Скопје 1.

СЈО ни потврди дека ја барале спогодбата со месеци од кривичниот суд, за на крај по нивна ургенција да им биде одговорено дека спогодбата е во државното јавно обвинителство.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини