Туристи фрлиле 200 милиони години стари отисоци од диносауруси во вода

од desk2

 

Туристите несвесно уништуваат 200 милиони години стари отисоци од диносауруси во Јута, предупредија локалните власти.

Најмалку десет праисториски отисоци од раптори, долги 43 сантиметри, исчезнале од националниот парк Ред флит во последните шест месеци.

„Туристите не сфаќаат дека камењара, кои ги фрлаат во водата, всушност се прекриени до траги од диносауруси“, изјави управникот на паркот Џош Хансен.

Персоналот во паркот затоа постави дополнителни знаци за предупредување, за да спречи понатамошниот вандализам.

Се разгледува и дополнително ангажирање работници, а се прават обиди на површината да се извлечат фрлените камења со отисоци.

Сепак, многу од нив најверојатно неповратно се изгубени, најногу заради распаѓање при ударот, или заради разлагањето во вода.

Паркот годишно привлекува 33 илјади туристи.

Слични содржини