Зошто мажите не се одлучуваат на брак, иако се заљубени?

од desk2

Многу девојки се обидуваат да сфатат зошто нивните партнери не се одлучуваат да ги запросат, иако врската трае долго и има взаемна љубов.

Списанието Cosmopolitan спроведе анкета во која учествуваа 1.000 мажи за да го добијат одговорот на ова прашање.

Според резултатите од анкетата, на мажите главен проблем им претставува финансиската ситуација, односно дека тоа им е наголемата пречка да ја запросат девојката.

Дури 27% од мажите сметаат дека нивните примања се премногу мали за да предложат брак, а 27% рекле дека веќе се во долгови. 17% сметаат дека свадбите се прескапи, а уште 17% дека пречка им е долгот на партнерката.

Дури 50% од испитаниците се изјасниле дека најголем проблем им е да одберат свршенички прстен и дека тоа им претставува огромен притисок.

Од анкетираните мажи, 40% рекле дека сметаат оти очекувањата на партнерката од него се превисоки и дека се плашат дека нема да можат да ги исполнат.

Од друга страна, голем број од испитаниците рекле дека други фактори кои ги земаат предвид пред да ја запросат девојката е должината на врската, здравствената состојба на партнерката, нејзиниот животен стил и нејзината финансиска состојба.

Интересно е да се нагласи дека мажите кои еднаш се развеле, во врската со новата партнерка им е најважен квалитетот на сексуалниот живот и сексуалните способности на партнерката.

Слични содржини