Германија стана најголем европски пазар на електрични автомобили

од desk2

Германија ја надмина Норвешка и стана најголем европски пазар за електрични автомобили, што е знак дека купувачите во таа земја се повеќе се заинтересирани за новата технологија.

Тоа се случува во период кога Volkswagen и Daimler го зајакнуваат своето производство на возила на батерии за да ѝ парираат на американската компанија Tesla.

Според податоците на Европското здружение на производители на автомобили, продажбата на возила со електронско полнење во Германија во првото тримесечие од годинава се зголеми за 70 отсто на 17.574 автомобили, првпат потиснувајќи ја Норвешка од лидерската позиција.

Овој податок, како што соопшти агенцијата Bloomberg, ги опфаќа електричните автомобили, како што е Model S на Tesla, како и плуг-ин хибридите, како што е Active Tourer Series 2 на BMW.

Низ цела Европа продажбата на електрични автомобили се зголеми за 41 отсто, при што автомобилите со погон само на батерии бележат раст на продажбата од 35 отсто, плуг-ин хибридите од 47 отсто, додека купувањето на дизел возила во ЕУ се намали за 17 проценти.

Слични содржини