Велија Рамковски: Ребрендирањето на ВИП показател колку фали А1 телевизијата

од desk4

Сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, во изјава за Пресинг ТВги негира натписите во некои медиуми дека телевизијата наскоро повторно ќе се отвори. Вели дека кампањата и воведувањето на новиот бренд и ребрендирањето во А1 на телекомуникацискиот оператор ВИП нема врска со телевизијата.

 

Тоа нема врска со телевизијата А1 иако е добра анкета и показатал колку на граѓаните навистина им фали телевизијата“, вели Рамковски во изјава за Пресинг ТВ.

Сепак, Рамковски потврдува дека се прават максимални напори за повторно рестартирање на телевизијата без притоа да прецизира кога тоа би се случило. Вели дека идејата постои уште од денот кога излегол од затвор и во последните 10 години сите го прашувале за нејзиното рестартирање.

Имам 72 години и се уште сум работоспособен, правиме максимални напори тоа да се случи“, вели Рамковски.

Слични содржини