Рај на земјата: Витешки остров со сини лагуни, прекрасни плажи и фина храна

од desk2

 

Недалеку од Сицилија, но и од Африка се наоѓа држава на чии приближно 300 км2 живеат нешто помалку од половина милион луѓе и една е од најмалите но најгусто населени земји на светот.

Идеална клима во секое време од годината, често се нарекува и рај на земјата. Ако на тоа му го додадете и гостопримството, богатата култура, прекрасната природа – Малта станува секогаш интересна за туристите.

Главниот град Валета

Се наоѓа на истоимениот полуостров на истокот на малта. Стариот дел на Валета окружен е со високи ѕидини, а во него се истакнува црквата со прекрасна купола. Градот е основан во 1565 година по големата опсада на Малта, кога како тврдина го изградиле витезите на Малта.

Богата историја

Малта е држава богата со историја затоа што животот на тие простори датира уште од каменото доба. Мегалитските малтешки храмови кои може да ги посетите се стари и до 7.000 години, а неколку се наоѓаат на списокот на светско културно богатство.

Свети Јулијан

Еден од најпривлечните фактори е фактот дека Малта има се. Освен што можете да ја посетите и да научите се за најстарите храмови во Европа или богата историја од 16 век, Малта нуди и можност за одличен ноќен провод, а за тоа е заслужен градот на брегот Свети Јулијан. Познат е по големиот избор на модерни луксузни хотели, различните ресторани како и изборот на кафулиња и клубови.

Одлична кујна
Малтешката кујна по правило е спој на различни кујни, односно настанала под влијание на останатите кујни, сицилијанка, англиска, француска и други. Најпознати јадења се фенек – зајак на малтешки начин, аљора – супа од риба, тимпана – лазања и некои други.

Пастици се деликатес од лиснато тесто, а полни се со рикота. Исто така, малтешките вина се многу ценети.

Прекрасниот Гозо

Во Малта се вози по левата страна поради британското влијание. Исто така, официјални јазици се англиски и малтешки, па нема да имате проблеми со комуникација, ако борувате англиски.

Освен островот Малта, се ислаќа да го посетите и островот Гозо. Таму може да појдите до прекрасната плажа Рамбла Беј и да ја побарате пештерата Калипсо. Според легендата, таму Калипсо седум години го држела Одисеј затвореник на љубовта, а потоа отишол, а таа умрела од тага.

Слични содржини