Што му се случува на вашето тело кога немате секс?

од desk2

Можеби на некому ќе му звучи претерано, но сексот е буквално причината поради која опстојува животот на Земјата. Некои луѓе решаваат да го практикуваат често, но некои одат во другата крајност и (по нивен избор или не) целосно апстинираат од секс. Дали тоа носи некакви последици?

Дали некогаш сте се запрашале дали сексот му е потребен на вашето тело? Или пак мислите дека тоа е само дел од животот кој може, но не мора, да биде дел од вашето секојдневие?

Некои религии и религиозни групи дури ги убедуваат нивните следбеници да апстинираат од секс на одреден период, поради спиритуално и физичко „прочистување на телото“. Можеби не сте свесни за тоа, но вашето тело навистина се менува кога ќе престанете да сте сексуално активни.

1 – Влијае на вашите соништа

Соновите се една од мозочните функции, која ја доживуваме исто како задоволството и болката. Човечкиот мозок се состои од интересна мрежа од хемикалии, кои работат заедно за да ни обезбедат среќа и здравје. Истражувањата покажаа дека недостатокот од секс во вистинскиот живот резултира во многу чести сексуални сонови кај луѓето.

2 – Ја подобрува самосвеста

Чувството на среќа, задоволство и прифатеност доаѓа од хемиските реакции на мозокот. На истиот начин влијаат и сексуалните активности, кои лачат хемикалии што прават да се чувствувате неверојатно. Недостатокот од секс предизвикува хемиски дисбаланс, што прави да сте многу посвесни за вашата околина – а тоа може да предизвика лоши чувства и депресија.

3 – Стресот се зголемува

Сексуалното ослободување е природен начин да го отстраните стресот – тоа не е само човечки, туку и животински инстинкт. Апстиненцијата од секс ќе предизвика наталожување на стресот, кој пак може да влијае на вашето здравје, односно да се манифестира преку главоболки, лош сон, проблеми со исхраната и слично. Послушајте си го телото и практикувајте секс.

4 – Имунитетниот систем слабее

Вашиот имунитетен систем ви помага да се изборите со бактериите, а неговото слабеење би можело да ви предизвика голем број здравствени проблеми. Сексот го зајакнува имунитетниот систем, така што – колку почесто имате секс, толку повеќе ги зголемувате шансите дека успешно ќе се изборите со (или ќе ги избегнете) болестите.

5 – Менталниот перформанс може да се подобри

Во зависност од тоа како го водите вашиот живот, ова може, но и не мора да важи за вас. Сексуалната неактивност може да ви помогне да имате повеќе повеќе време и енергија за извршување на ментални функции. Наводно, апстиненцијата влијае на зголемување на концентрацијата и трпението, што значи дека вашиот мозок (во одредени случаи) работи подобро без секс. Кој би рекол?

Слични содржини